Маричиќ: Идејата за обединета Европа е преголема за да биде попречувана
Светот денеска го одбележува Денот на победата врз фашизмот, а нашиот континент и Денот на Европа – 9 мај ги спојува овие два значајни настани кои имаат големо значење и за Македонија, напиша на својот ФБ профил министерот за правда Бојан Маричиќ.
– За време на Втората светска војна, Македонците без двоумење застанаа на вистинската страна на историјата и заедно со антифашистичкиот фронт победија. Речиси 50 милиони луѓе во светот загинаа во војната против злото кое никогаш не смееме да се врати во која било форма и тоа не смееме да се заборавиме. Исто така не смее да се заборави идејата за обединета Европа која се роди петнаесетина години подоцна преку Шумановата декларацијата. Обединети во различностите, со заемна почит едни кон други кон траен мир и просперитет, објави Маричиќ.
Нашата земја, напиша тој, природно припаѓа кон Европската унија. Направивме многу реформи за наша интеграција и очекуваме ЕУ да ги потврди вредностите на кои се темели и процесот за конечно обединување на континентот да продолжи.
– Идејата за обединета Европа е преголема за да биде попречувана, објави на ФБ Маричиќ.
Ново на Сител
-
Гаши тврди нема ингеренции за бранителите, се било во доменот на Илире Даути
-
Нови цени на 2.500 производи – викендов стартува Законот за нефер трговски практики
-
Одлуката на Уставен ќе ги седне на маса Владата и здруженијата против присилна наплата на долгови
-
Долгот во здравството намален за 2 милијарди денари
-
Инспектори од други градови ќе ги ловат загадувачите во Скопје
-
Преглед на вестите од светот
-
Законот за бранителите останува заглавен - Гаши нема да ја свика комисиската расправа
-
Орбан пристигнува во Охрид, градот под засилен безбедносен режим