Тенис
7. May 2016 - 16:31

Maреј го „спушти“ на земја Надал

Енди Мареј одигра одличен меч против Рафаел Надал и успеа да го елиминира од турнирот во Мадрид каде Шпанецот имаше одличен старт и потсетуваше на своите најдобри денови. 

Шкотскиот ас по два часа голема борба победи со 7-5 и 6-4 и обезбеди пласман во утрешното финале со победникот од дуелот Ѓоковиќ - Нишикори кој стартува во 20ч. 
Ова всушност беше реприза на ланското финале во кое победи Мареј кој подобро ги одигра решавачките поени од својот ривал и потврди дека е подготвен да ја одбрани титулата.