Македонија
3. February 2017 - 17:15

Мапа на миграциите - Каде се селат Македонците и кој доаѓа да живее во Македонија

Последното мапирање на состојбите со миграцијата во Европа на Чехот Јакуб Мариан откриваат колкав дел од жителите на Македонија ја напуштиле државата, но и каде и најчесто заминуваат и кои народи одбираат нашата земја да биде нов дом.

Последниот извештај базиран на податоците на ОН, покажуваат дека Македонија е на третото место по бројот на исселени, со 24,8% од популацијата. На убедливо прво место во Европа е БиХ со 43,3% а втора е Албанија со 38,8 отсто.

Следната мапа составена врз основа на податоците од ОН покажува дека најголем дел од родените во Македонија исто како и во Бугарија се селат во Турција. Ова Јакуб Мариан го објаснува со враќањето на етничките турци во матичќната земја, додека останатите податоци според неговите анализи покажуваат дека Македонците за своја најпосакувана дестинација ја имаат Швајцарија.

Неговиот претходен извештај пак открива кој најмногу ја сака Македонија за живот. Податоците преточени на карта изгледаат вака. Албанците најмногу ја сакаат Македонија, исто како и Грција.

Картите кои пренесуваат една поинаква слика за Европа и обработуваат интересни податоци Јакуб Мариан ги објавува на својот веб портал. Последните анализи во кои исто така ја анализира Македонија детално може да ги прочитате на сител.ком.мк