Свет
6. јуни 2016 - 11:47

Мануел Валс најавува деблокирање на повеќемилионски фонд за итна помош на поплавените во Франција

Премиерот на Франција Мануел Валс, изутринава најави дека државата ќе деблокира фондови „за крајна итност во износ од повеќе милиони евра“ наменети за поплавените, посебно за оние кои се без приходи и кои изгубија се во надојдените води“, пренесува дописникот на МИА од Париз.

Овој фонд ќе биде деблокиран без да се чека на оштетата која треба да ја исплатат осигурителните компании, чии директори беа повикани на разговор во седиштето на владата за да се организира обесшететувањето на настраданите.

Според првите проценки, штетите од полавите се околу една милијарда евра, но можат и да бидат поголеми.