Фудбал
29. May 2017 - 0:03

Манџукиќ во Јувентус до 2020 година

 
Хрватскиот репрезентативец Марио Манџукиќ го продолжи договорот со Јувентус до 2020 година.
 
Претходниот договор на Манџукиќ беше со важност до 2019 година, но откако Хрватот добил понуда од Бешикташ, актуелниот шампион на Италија реши да му го продолжи договорот на уште една година, а воедно и да му ја зголеми платата.
 
Така Манџукиќ кој во Торино дојде од Атлетико Мадрид во 2015 година, сега  годишно ќе заработува по 5 милиони евра.
 
Сезонава тој настапи на 48 натпревари за „старата дама“ и постигна 10 голови. Покрај двата трофеи во Италија (шампиоскиот и за победникот на Купот), Марио Манџукиќ ќе има можност за уште еден и тоа во Лигата на шампионите, доколку Јувентус во финалето кое ќе се игра во Кардиф успее да го совлада бранителот на трофејот од лани Реал Мадрид.