Македонија
20. April 2018 - 16:10

Манчевски: Регистарот на население нема да го замени пописот

Формирањето регистар на население нема врска со пописот, тврдат од Министерството за информатичко општество.

Министерот Манчевски вели дека базата која ќе содржи податоци за возраст, место на живеење, јазик и припадност во заедницата, треба да ја зголеми понудата на електронски услуги за граѓаните.

Тој додава дека пописот е сосем друга операција што ја спроведува Државниот завод за статистика..

Невладините тврдат дека електронскиот регистар може да е замена за теренско попишување на населението.

Го посочуваат примерот со некои европските земји каде токму ваквите регистри служат за собирање на неопходните податоци за попис..

Потребните информации за формирање на регистарот на население ќе се црпат од Министерството за внатрешни работи и Управата за водење матични книги.

Според најавите, во иднина податоците ќе можат да ги користат и комерцијални претпријатиа кои нудат електронски услуги за граѓаните.