Македонија
8. May 2018 - 16:07

Манчевски: Проблем со функционирањето на државната администрација ќе се реши со централизиран шалтерски систем

Сител пред управата за водење матични книги вчера затекна нервозни и револитирани грагани кои се пожалија на работата на администрација, проблем кој и ресорниот министер  Манчевски признава дека постои проблем.

Министерот најави централизирање на шалтерскиот систем, со кој ќе се олесни добивањето услуги.

Анализите спроведени од невалдиниот сектор покажуваат дека дури 47 проценти од граганите барем еднаш се сретнале со проблем при вадење документи.

Манчевски најавува дека сето тоа ќе се смени од септември кога че биде промовиран новиот  национален портал, преку кој граѓаните  ќе можат да ги остваруваат своите права и да добиваат услуги по електронски пат.

Во тој проект ќе биде вклучена и управата за водење матични книги,. Сите документи кои досега се чекаа на шалтер во иднина ќе  бидат достапни на интернет, вели минисерот.