Македонија
10. October 2019 - 10:06

Манчевски: Покажуваме дека системот функционира, чекаме обвинение за Ременски за соодветна постапка во партијата

Потпретдедателот на СДСМ, Дамјан Манчевски смета дека најпрво треба да се добие обвинението за Фросина Ременски за случајот „Рекет“ за потоа да се преземат соодветните внатрепартиски постапки.

– Ние покажуваме и докажуваме дека системот функционира. Ако порано беше непоимливо Обвинителството да поднесе какво било обвинение против кој било функционер на владејачка партија, денеска тоа е сосема нормална работа. Ако порано Државната комисија за спречување на корупција „не постоеше“, денеска таа ја гони власта за она што не го прави како што треба. Ако Марко Зврлевски поднесеше барем една кривична пријава против поранешен функционер на ВМРО-ДПМНЕ денеска можеби ќе бевме и во Европската Унија, истакна Манчевски.

На трибината „На прав пат“, што синоќа СДСМ ја одржа во Кочани, Манчевски нагласи дека една од заложбите на кои посветено се работи е законите да почнат подеднакво да важат за сите граѓани, а посебно во борбата против корупцијата, затоа што власта не треба да ги штити своите луѓе.