Манчевски дел од првиот ИКТ дијалог меѓу ЕУ и Западен Балкан
Посветени сме на обезбедување еднаков пристап до јавните услуги за граѓаните и бизниси и поголемата достапност на услуги и можности преку дигитални канали. За да поттикнеме економскиот раст, но и да се премости јазот со ЕУ, треба да обезбедиме силна дигитална инфраструктура, усогласеност со законските барања, но и отворен и безбеден сајбер простор.
Ова го посочи денеска министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски на првиот состанок посветен на дијалогот ЕУ-Западен Балкан за ИКТ во Брисел.
Mинистерот потенцираше дека во изминатите години, преземени се сериозни активности во однос на дигиталната трансформација, за постепено да се напушти принципот на „управување со хартија“ и да се промовира приодот „дигитално на прво место“, што подразбира и неопходни промени во техничка и правна смисла.
Тој додаде дека една од основите на Дигиталната агенда на Европската Унија, а со тоа и почетокот на дигиталната трансформација на државата, е усогласувањето на домашното законодавство со регулативата на ЕИДАС.
Манчевски ги претстави активностите на МИОА и владата во сферата на дигитализацијата: донесување на Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги, Закон за електронски услуги и електронско управување како и Закон за Централен регистар на население, потоа Каталог на услуги, Национален портал за е-услуги итн. Усвоени се Националниот оперативен план за широкопојасна мрежа и Стратегиите за Отворени податоци 2018-2020 и Сајбер безбедност 2018-2022 заедно со нивните Акциски планови итн.
-Нашата држава е посочена како земја што демонстрира висока заложба во сите пет столба според индексот на Global Cybersecurity Index 2018(ITU) и тоа како единствената земја од Западен Балкан во оваа категорија, рече Манчевски.
Состанокот го отвори Еврокомесарката за дигитална економија и општество Марија Габриел, а покрај министерот Манчевски учествуваа и ресорните министри од Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија и Косово.
Целта на овој прв состанок е да се разгледа напредокот во имплементацијата на Дигиталната Агенда за Западен Балкан и наредните чекори во таа насока, а во исто време да се запознаат учесниците со последните новитети од законодавството на ЕУ поврзани со Сајбер Безбедност, Директива за Аудио и Аудиовизуелни медиумски услуги, економија на податоци и Telecom Code.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација