Фудбал
19. March 2017 - 19:55

Манчестер Сити и Ливерпул одиграа без победник

  Во англиската Премиер лига денеска се одиграа три натпревари со кои беше комплетирано 29.коло. 
 
Во дербито Манчестер Сити и Ливерпул одиграа без победник 1-1. Гостите поведоа со голот од пенал на Џејмс Милнер (51.минута), а резултатот го израмни Серхио Агуеро (69). 
 
Претходно победа на гостински терен кај Мидсборо оствари Манчестер Јунајтед со 3-1, додека второ пласираниот Тотенхем пред својата публика во Лондон го совлада Саутемптон со 2-1. 
 
На натпреварите кои се одиграа вчера беа постигнати овие резултати: ВБА – Арсенал 3-1, Сандерленд – Барнли 0-0, Кристал Палас – Ватфорд 1-0, Евертон – Хал 4-0, Вест Хем – Лестер 2-3,  Стоук – Челзи  0-1 и Бурнемут – Свонси 2-0. 
 
 
Табела: Челзи 69 бода, Тотенхем 59, Манчестер Сити 57, Ливерпул 56, Манчестер Јунајтед 52, Арсенал 50, Евертон 50,...