Loading Video...
Фудбал
27. February 2020 - 14:26

Манчестер Сити и Лион со предност во реванш дуелите со Реал и Јувентус

Со двата натпревари кои се одиграа синоќа комплетирана е првата етата од осминафиналната рунда во фудбалската Лига на шампиони
 
Екипите на Манчестер Сити и Олимпик Лион си обезбедија предност за реванш дуелите против Реал Мадрид односно Јувентус. 
 
На дербито во Мадрид, Манчестер Сити забележа голема победа над Реал со 2:1, што е и прв триумф „граѓаните“ во петтиот меѓусебен дуел со „кралевите“. 
 
Иако Реал со голот на Иско во 60-минута прв поведе, сепак во продолжението гостите од Англија во продолжението направија комплетен резултатски пресврт. Во 78-та минута Габриел Жезус израмни на 1:1, а само пет минути подоцна (83) Де Бруине од пенал го постигна вториот гол за победа на Манчестер и значајна предност за реваншот на домашен терен, дуел на кој кај гостите нема да игра Серхио Рамос кој заработи црвен картон. 
 
Во Лион, францускиот Олимпик успеа да оствари значајна победа во дуелот со фаворизираниот италијански шампион Јувентус и тоа со голот на Лукас Тусар постигнат во 31-минута. 
 
Реванш натпреварите во Торино и Манчестер на програмата се на 17 март, додека една седмица претходно ќе бидат познати првите четвртфиналисти во елитното натпреварување.