Фудбал
23. February 2016 - 19:16

Манчестер Јунајтед ќе плати 60 милиони евра за Филипе Андерсон

 
Екипата на Манчестер Јунајтед на крајот на сезоната во своите редови ќе го донесе фудбалерот на Лацио, Филипе Андерсон во трансвер кој „црвените ѓаволи’’ ќе ги чини 60 миниони евра, пишува италијанскиот весник „Ил Месаџеро’’. 
 
Весникот се повикува на изјава на близок пријател на претседателот на римскиот клубот Клаудио Лотото, кој според „Ил Месаџеро’’ се „пофалил„ на своите блиски пријатели дека Андесон гоплатил 8, а на Манчестер Јунајтед ќе го продаде 60 милиони евра.  
 
Веќе подолг период англискиот премиер лигаш ги следни настапите на Бразилецот, за кој пројави интерес уште во зимскиот преоден рок, но јануарската понуда на Манчестер раководството на Лацио ја одложи со образложение дека ќе биде разгледана во следниот (летен) преоден рок. 
 
22-годишниот Бразилец кој во Лацио дојде од Сантош летото 2013 година, сезонава е далеку од посакуваната форма, но и покрај слабите игри тој досега постигна шест гола на 24-те одиграни натпревари. Тој досега за најдобрата селекција на Бразил има настапено само на еден натпревар.