Фудбал
18. February 2020 - 8:33

Манчестер јунајтед го победи Челси по трет пат оваа сезона

Во премиерлигашки натпревар од 26. коло, Манчестер јунајтед синоќа на гостувањето во Лондон го совлада Челзи со 2:0.

Головите ги постигнаа Ентони Марсијал и Хари Мегваер.

За „сините“ ова беше трет пораз од Јунајтед оваа сезона, два во првенството и еден во Лига купот.

Челси со 41 бод го зазема четвртото место во поредокот во Премиер лигата, додека Манчестер Јунајтед со 38 бода се наоѓа на седмата позиција.