Loading Video...
Фудбал
13. July 2020 - 10:51

Манчестер Јунајтед атакува на петата победа во низа и место во Лигата на шампионите

Во англиската Премиер лига вечерва ќе се одигра последниот натпревар од 35.коло во кој Манчестер Јунајтед го пречекува Саутемптон. 
 
Манчестер Јунајтед незнае за пораз од јануари месец, односно на последните 17 дуели во сите натпреварувања тимот на Оле Гунар Солскјер ја нема почуствувано горчината на поразот. 
 
Популарните „црвени ѓаволи“, играат во голема форма, а од рестартот на шампионатот имаат четири победи во низа и сите со три голови разлика. 
 
Поразите на Чалзи и Лестер во дуелите од оваа 35-та рунда им даваат шанса на фудбалерите на Манчестер со победа во вечерашниот дуел против Саутемптон да избијат на третото место на табелата и на три кола до крајот на првенството, да имаат бод, односно два повеќе од конкурентите во трката за пласман во Лигата на шампионите. 
 
Јунајтед во моментов е на петото место со 58 бодови, еден помалку од Лестер, а два помалку од Челзи.