Џет-Сет
11. August 2018 - 14:22

Мамо, зошто си толку позната? Ким Кардашијан сите ја исмеваат за овој одговор што и го даде на ќерката

Најпознатата старлета на светот Ким Кардашијан го живи целосно животот, а малку кој успеа да заборави како е прослави.

Ким во една емисија на радио откри што ја прашала ќерката Норт во една прилика:

„Мамо, зошто си ти позната?“. Меѓутоа нејзиниот одговор стана предмет на исмејување на социјалните мрежи.

„Бев како: Аха, ок, ќе морам да го објаснам ова. И и велам: „Имаме телевизиска емисија“, а таа на тоа ми вели: „Аха, ок“ и тоа беше прв пат да рече нешто како „аха“, раскажа Ким.

Меѓутоа, тоа го искористија фановите на социјалните мрежи и почнаа да ја исмеваат Кардашијан, со оглед на тоа дека сите знаат како Ким ја почна својата кариера. За се е виновно секс видеото.