Фудбал
26. July 2016 - 9:29

Мамиќ замина од потпретседателското место на Хрватската фудбалска федерација

Контроверзниот Здравко Мамиќ повеќе не е потпретседател на Хрватската фудбалска сојуз, откако сам поранешниот претседател на Динамо Загреб, реши да се повлече од оваа функција.
 
Мамиќ против кога се покренати кривични обвиненија за злоупотреба на фунцијата прв човек на Динамо Загреб, одлуката за напуштање на Хрватскиот фудбалски сојуз (ХФС) потпретседател реши да ја соопшти на јавноста пеку соопштение.
 
Во соопштението кое е објавено и на официјалната интернет страна на ХФС, а пренесено од сите хрватски медиуми Мамиќ пишува. 
 
„Почитувана хрватска јавност. Како што веќе знаете од јануари оваа година повеќе не сум извршен претседател на Динамо Загреб. Тоа го направив од причина Динамо во кој со години се колнев да може непречено да чекори во иднина. Сега од истите причини и со многу тага заминувам од местото прв потпретседател на Хрватската фудбалска федерација. Не сакам повеќе да бидам причина поради која поединци ќе ги смалуваат успесите на моите колеги од Хрватската фудбалска федерација и Динамо за фантастичните резултати кои веќе со години ги веселат нашите сограѓани. Не сакам моето име да служи како изговор за нанесување на штета на угледот на хрватскиот фудбал кој со својата работа и своите резултати служи за пример. За хрватскиот фудбал ја дадов својата душа и сто свое знаење па се надевам дека ќе продолжи и понатаму со низата на фантастични работи како и досега, за кои ќе зборува целиот свет, тоа им го посакувам од срце. Јас во иднина ќе се посветам на својата приватна ситуација и уверен сум дека ќе ја докажам својата невиност за се што ме теретат. Хрватската фудбалска федерација и Динамо во мене секогаш имаат најверен навивач“. 
 
Мамиќ го чека судската постапка во која се терети за затајување на данок во висина од најмалку 12,милиони куни (околу 1,6 милиони евра), но и дека го оштетил Динамо Загреб за нешто помалку од 116 милиони куни (околу 15,5 милиони евра).