Македонија
1. July 2022 - 12:45

Малолетник се здобил со тешки повреди при пад од мотоцикл

 На 30.06.2022 во 13.00 часот во Полициското одделение Македонска Каменица било пријавено дека во Јавна здравствена установа Кочани со тешки телесни повреди бил донесен малолетник од Македонска Каменица, соопшти МВР.

Според пријавеното, тој се здобил со повредите на 29.06.2022 околу 17.00 часот на ул.„Гоце Делчев“ во Македонска Каменица, при пад од мотоцикл кој го управувал. За настанот бил известен Јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа од Полициската станица Делчево.