Македонија
23. October 2018 - 17:54

Малолетник претепале 14-годишно дете во Скопје

Вчера во 22,30 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје И.Д.(41) пријавил дека истиот ден околу 20,15 часот на улицата “Јужно Моравски Бригади“ неговиот 14 годишен син бил истепан.

Инцидентот се случил додека момчето се движело со неколку другари па му пришле две непознати лица на возраст од 14-16 години и едното од нив физички го нападнало. 

Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.