Македонија
4. August 2017 - 11:25

Малолетник прегази старец во неготинско Тремник

Седумдесетгодишник е повреден денеска околу еден часот на aвтопатот А1 „Д.Капија - Неготино“ во близина на селото Тремник, соопшти полицијата.

Како што информира портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски,  патнички автомобил со неготинска регистарска ознака управуван од 17-годишно лице, удрил во еластична ограда и излегол надвор од патот. Притоа, возачот добил телесни повреди и бил пренесен во болницата во Неготино.

- По овластување од ОЈО, увид на местото на настанот извршила екипа од ПС ОН Неготино, информира Додевски.