Македонија
14. April 2017 - 13:28

Малолетник падна од мотор, тешко повреден по судар во Скопје

Вчера околу 21.40 часот во Скопје на ул. „Палмиро Тољати“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Фолксваген Пасат“ со српски национални ознаки, управувано од Б.Б. (51) од Скопје и мотоцикл “ХОНДА“ со битолски регистарски ознаки, управуван од 17-годишник од Скопје.

Во незгодата со Тешки телесни повреди се здобил малолетникот. 

Увид на место на настанот извршила екипа од СВР Скопје.