Македонија
3. October 2016 - 13:34

Малолетник ограбен и расечен од разбојници во „Жена парк“

Вчера во 20.55 часот телефонски во ЕИК се јавил четиринаесетгодишник од Скопје и пријавил дека во 20.25 часот во Скопје, во паркот „Жена борец“, две непознати лица извршиле разбојништво врз него.

Едниот од сторителите со закана и употреба на нож го расекол во пределот на раката и му го одзел мобилниот телефон, по што побегнале во непознат правец. 

Повредата му била санирана на местото на настанот од екипа на Итна медицинска помош. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.