Малолетници краделе мотори, скутери и велосипеди во Битола
Полицијата открила шест малолетни лица кои од пред куќи, визби, влезови на згради во Битола украле моторцикли-скутери и велосипед, со што предизвикале материјална штета од над 900 илјади денари.
- Секторот за внатрешни работи Битола поднесе Извештај до надлежното OJO против шест малолетни лица од кои две на возраст од 17, две на возраст од 13 години, како и едно на 15 и едно на 16-годишна возраст, поради постоење на основи на сомнение за сторени вкупно четиринаесет кривични дела - “кражба“, и “тешка кражба“, соопшти МВР.
Пријавените во 14 случаи, при тоа во различен состав, во периодот од 11 април до 14 август годинава низ повеќе локации во централното градско подрачје, населба Нова Битола, на влезот во Битола, од пред куќи, визби, влезови на згради, одземале разни марки моторцикли-скутери -„ЈИЈИНГ“, „Априлија СР50“, „Гарели“, „Yamaha“ YZ450, и велосипед марка Specialized, сопственост на граѓани од Битола.
- Кражбите ги вршеле групно, ја погоден алат ја отстранувале препреката, доаѓале до моторциклите и со туркање ги одземале. Пријавените со превземените дејствија предизвикале вкупна материјална штета од 904.000 денари, информира МВР.
Ново на Сител
-
Швајцарија замрзна руски имот во вредност од 5,8 милијарди франци
-
Венеција почнува да наплаќа влезници
-
ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори
-
Избирачкиот список намален за 10 000 гласачи
-
Претседателски избори ќе ги следат 342 домашни и 568 странски набљудувачи
-
Право на глас на претседателските избори имаат 1.814.317 избирачи
-
Пленковиќ преговара со десницата мнозинство во хрватскиот парламент
-
„Епл“ го отстрани „Телеграм“ од својата интернет-продавница за Кина