Македонија
21. May 2017 - 13:07

Малолетничка од Виница преживеала хорор: Ја грабнал и се обидел да ја силува

Вчера во 10.20 часот во полициската станица во Виница, О.Д. (37) од Виница пријавил дека на претходниот ден околу 13.00 часот позади дворот на неговата куќа дошол Т.С. (21) од Виница, кој почнал да изјавува љубов на неговата 17-годишна ќерка.

Откако му рекла дека не го сака Т.С. ја земал во раце и пеш ја однел во близина на Метеоролошката станица во Виница, која се наоѓа на околу 100 метри од куќата. Т.С., на наведеното место, се обидел да изврши обљуба над девојчето.

Ја држел до 07.30 часот на 20.05.2017 година, по што ја предал на неговиот брат, кој пак ја вратил кај нејзините родители.

Малолетничката била однесена во ЈЗУ-Виница каде било утврдено дека над истата не е извршена обљуба. 

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.