Македонија
3. May 2017 - 12:58

Малолетни арачиновци со тупаници и клоци сеат страв кај врсниците

СВР Скопје поднесе кривична пријава против тројца 15-годишници и еден 14-годишник, сите од с.Арачиново, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.

На 29. септември минатата година околу 12.00 часот во населба Автокоманда - Скопје, пријавените физички нападнале 17 - годишно дете од с.Визбегово, скопско.

Истите го удирале со раце и нозе во пределот на телото и главата, при што му нанеле тешка телесна повреда, а со превземените дејствија пријавените предизвикале чуство на страна и несигурност кај 15 - годишно дете од с.Визбегово и други учесници кое исплашени за нивната сигурност побегнале од местото на настанот.