Македонија
3. July 2019 - 21:20

Малолетен мотоциклист тешко повреден во сообраќајка кај Сиричино

Вчера во 18.15 часот на регионален пат Јегуновце- Желино, во село Сиричино, се случило сообраќајна незгода помеѓу патничко возило ,,Ауди А6“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Р.М.(32) од село Голема Речица и мотоцикл „Јонваи“ со штипски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник од село Јанчиште. 

Во незгодата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата во Тетово каде му била укажана лекарска помош.

Увид извршила екипа од СВР Тетово.