Живот
28. July 2015 - 14:42

Мало детенце заробено на ескалатор - Интервенираа пожарникари и брзата помош

Во еден кинески трговски центар се случила несреќа во која дете паднало на ескалатор. 
 
Како што пишуваат локалните медиуми, дете се сопнало и паднало , при што неговата рака се заглавила помеѓу скалилата.
 
Продавач од најблискиот бутик го забележал детето кое било со својата баба и изјавил дека несреќата не е заради неисправноста на скалиту, туку поради немарност на момчето.
 
Пожарникарите и брзата помош набрзо пристигнале и го ослободиле момчето, кое веднаш било пренесено во болница.
 
Скршена му била левата рака и му крвареле прстите.