Малкумина можат да издржат во овој ресторан
Ресторанот „Тea Teras" во Лондон го забрани користњето мобилни телефони за време на оброкот. Секој посетител на гостилницата при своето доаѓање е должен да го остави телефонот во мала кутија што потоа се заклучува, а комбинацијата за отклучување ја знае само персоналот.
Кога го имаат до себе телефонот, луѓето не можат, а да не го проверат барем еднаш. Просто, опседнати сме со тие направи, па многумина сметаат дека барем додека вечераме, треба да заборавиме на нив. Затоа, оваа лондонска гостилница реши оваа „мудра мисла“ да ја претвори во дела. Кутивчето нема да се отвори дири и ако сакаме да ја фотографираме својата порција, за спомен или пак, да се пофалиме на Фејсбук.
- Многу често ни доаѓаат семејства - родители со деца, кои и не разговараат помеѓу себе, оти сите се зафатени со своите смартфони. Ние само сакаме да ги вратиме добрите стари разговори за време оброкот, нагласува директорот на ресторанот Роуан Сили.
Ново на Сител
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра
-
Тетовци се жалат дека не можат да излезат од дома поради глутниците
-
Три млади лица загинаа во тешка сообраќајка во Кичево
-
Велигденска честитка на Н.В.П. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх
-
Изненадување во Мајами: Алкараз елиминиран од Димитров
-
Ѓоковиќ се уште не избрал нов тренер
-
Експлозија во најголемата романска нафтена рафинерија Петромидија, нема повредени