Македонија
17. March 2024 - 17:02

Малеска: За партиските кадри по управните одбори плаќаме 2 милиони евра секоја година

Секоја година на партиските кадри распоредени по управните и извршните одбори на државните фирми за надоместоци им плаќаме по околу 2 милиони евра, вели за Детектор, Неда Малеска Сачмароска, извршна директорка на Центарот за управување со промени

Имаме околу 147 институции, са помалку од 10 вработени, кои што исто така имаат членови на управни и надзорни одбори. Имаме околу 3900 луѓе, кои што се членови на управни и надзорни одбори, кои што доаѓаат исклучиво по пат на политика на овие позиции. Кои што ја чинат државата просечно годишно околу 2 милиони евра за надоместоците за управните и надзорните одбори – вели Малеска Сачмароска за Детектор.