„Мала волшебна флејта“ во МОБ
Македонската опера и балет со адаптираната опера за деца „Мала волшебна флејта“ ја продолжува практиката за музичка едукација на најмладата популација. Оваа претстава ќе се одржи денеска со почеток во 12 часот.
Претставата е адаптација за деца на популарната опера „Волшебната флејта“ од Волфганг Амадеус Моцарт. Режисер е Урсула Хорнер од Австрија, сценограф е Марија Ветероска, а адаптацијата на костимографијата е на Марија Пупучевска.
Во „Мала волшебна флејта“ настапуваат Јане Дунимаглоски, Ернес Ибраимовски, Александра Лазаревска-Василев, Ана Ројдева, Борко Биџовски, Злата Тошевска, Биљана Јосифов, Надежда Рубен, Дејан Стоев, Катерина Стојановска...
Преку убавата музика на Моцарт, децата ќе имаат можност да дознаат одговори на неколку прашања-дали Сарастро е навистина лош (злобен) волшебник, за разлика од Моностатос, што работи Папагено, кој ја уби змијата и зошто тој лаже, зошто Кралицата на ноќта му ја ветува за жена нејзината ќерка Памина на Тамино и што бара од него за возврат...
Цената на билетите е 150 денари, а можат да се набават во билетарницата на МОБ.
Ново на Сител
-
Столтенберг во дводневна посета на Германија
-
Сообраќајот тековно, по наместа влажни коловози
-
Променливо облачно со повремен дожд
-
ДИК: Oбработени 96,37% од гласовите, Силјановска Давковa 351.826 - Пендаровски 174.658
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика