Свет
17. April 2017 - 14:20

Мал патнички авион се урна врз супермаркет Лидл

Мал патнички авион падна врз супермаркет Лидл во Португалија.
 
Kако што пренесуваат светските медиуми, авионот паднал на објект кој е оддалечен околу 20 километри од Лисабон.
 
Според првичните информации, во леталото имало две лица, а авионот експлодирал во воздух по што паднал врз супермаркетот.
 
Засега нема официјални информации за евентуални мртви и повредени.