Бизнис
9. November 2015 - 19:56

Мал интерес за сертификат за енергетска ефикасност

Се помалку мајстори во земјава. Градежните фирми се соочуваат со недостиг од квалификувани работници а подобрите мајстори сакаат да работат на црно.Иако имаат можност да се стекнат со бесплатни сертификати за да можат да работат на изградбата на енергетски ефикасни објекти само 650 од нив се пријавиле на огласот кој траеше до крајот на октомври.

Од идната година градежните фирми нема да можат да учествуваат на тендери ако немаат лиценциран кадар за енергетска ефикасност. Од Комората информираа дека ако се направат измени на Законот за јавни набавки, на објектите на државните институции нема да можат да работат несертифицирани работници и ќе се јави недостиг.

Со проектот за добивање на овој меѓународно признаен документ се опфатени 5 струки односно фасадерите, кровопокривачите, столарите и инсталатерите на грејни тела и инсталации.  Новиот рок за пријавување е 27ми месецов.

Со лиценците мајсторите ќе можат да работат и во Хрватска, Словенија Грција и во земјите од еврозоната. Проценките се дека во земјава со оглед на трендот на градење се потребни од 10 до 16 000 квалификувани работници за да се остварат националните цели за енергетска ефикасност на објектите.