Балкан
15. November 2019 - 15:41

Мал инцидент при слетувањето на авионот со кој патуваше бугарскиот премиер

Авионот на бугарската Влада со кој патуваше премиерот Бојко Борисов беше мануелно приземјен на аеродромот во Софија, јави БГНЕС.
 
Авионот успешно атерирал и никој не е повреден.
 
При слетувањето на авионот откажал навигацискиот систем и пилотите не успеале да го рестартираат поради што морале да се префрлат на мануелен систем.