Балкан
13. April 2020 - 11:07

Мал број новозаразени со коронавирусот во Словенија

Здравствените власти во Словенија објавија дека во земјата се потврдени само седум нови случаи на лица заразени со коронавирусот.

Изминатото деноноќие се тестирани вкупно 554 лица, а бројот од седум позитивни е најмал во споредба со неделите наназад.

Од сите 1.212 заразени досега, само 95 лица се хоспитализирани, а од нив 34 пациенти се на одделите за интензивна нега.

Изминатите 24 часа уште две лица починаа како последица од Ковид-19.