Максути: Мирот и безбедноста е основните предуслови за економски развој на секоја држава

Денес во Домот на АРМ се одржа меѓународна научна конференција “SECURE 2016” во организација на Евро-Атлантскиот Совет на Македонија, Министерството за одбрана и потпомогната од Секторот за јавна дипломатија на НАТО. На денешната конференција, на покана на претседателот на АТА Македонија, Исмет Рамадани, учествуваше заменик министерот за одбрана, Беким Максути кој со свое обраќање ја истакна важноста за интеграција на Македонија во северно атлантското семејство и ЕУ, како клучен столб на безбедноста и стабилноста на регионот и пред се на Европа и пошироко.
„Мирот и безбедноста се основните предуслови за економски разој на секоја држава, вклучувајки ја и Република Македонија„ – рече заменик министерот Максути. Во тој контекст тој додаде дека земјите по пристапувањето во НАТО, бележет значаен и стабилен раст на странските директни инвестиции, а тоа носи позитивни придобивки како, зголемување на кредитниот рејтинг, подобро позиционирање на светскиот пазар, инвестирање во цивилната и воената структура итн.
Заменик министерот Максути пред присутните на конференцијата рече дека има широк консензус како меѓу политичарите така и меѓу граѓаните за членство во евроатлантските семејства. Интересот кон ЕУ и НАТО, континуирано ги унапредува меѓуетничките односи во Македонија. Впрочем високите резултати кои ги постигнува нашата Армија во меѓународните мировните мисии се дело на армија која е пополнета со мултиетнички персонал.
На конференцијата посветена на влијанието на евроатланстките интеграции врз економијата , регионалната безбедност и меѓуетничките односи, учествуваа гости од Албанија, од Секторот за јавна дипломатија од НАТО, академици, професори и претставници од бизнис заедницата.
Ново на Сител
-

Успешно евакуиран повреден планинар на Кораб
-

Трамп изјави дека преговарачите се поблиску до договор за Иран
-

На повик на студентите во блокада илјадници на протест во Белград со порака за предвремени избори
-

Вардар ја победи Шкендија со 3:0 и ја прославија новата титула
-

Иранската револуционерна гарда координирала минување на уште 25 бродови низ Ормуз
-

Тројца волонтери на Црвениот крст се меѓу првите починати од ебола во Конго
-

Епицентарот на земјотресот е од скопското епицентрално подрачје, Сеизмолошката опсерваторија излезе со детали
-

Земјотрес со јачина од 3,4 степени почувствуван во Скопје
