Loading Video...
Свет
13. July 2021 - 12:28

Макрон: Сите здравствени работници во Франција да се вакцинираат против Ковид-19 до 15 септември

Сите здравствени работници во Франција да се вакцинираат против Ковид-19 до 15 септември, нареди претседателот Емануел Макрон. 

Тој ги повика граѓаните да се вакцинираат што побрзо, бидејќи бројот на новозаразени почна да расте. Макрон воведе и специјални ковид-пропусници за сите што сакаат да одат во ресторан, трговски центар, болница, кино или да патуваат со воз или авион. Ковид - пропусница ќе добијат сите ковид вакцинирани, прележани или со нов негативен ковид тест.  

Делта сојот забрзано се шири низ Франција каде 40 отсто од населението е целосно вакцинирано, а ковид мерките беа олеснети пред почетокот на летните одмори. 

Макрон засега не најавува враќање на рестрикциите, но информираше дека владата денеска ќе прогласи здравствена вонредна состојба за во случај да биде потребно воведување на ограничувања да бидат преземени веднаш.