Македонија
16. October 2019 - 22:46

Макрон: Северна Македонија и Албанија да се стрпат уште малку пред да добијат датум за преговори со ЕУ

Северна Македонија и Албанија уште малку да се стрпат пред да добијат датум за почеток на преговори со ЕУ – ова го изјави францускиот претседател Емануел Макрон по средбата со германската канцеларка Ангела Меркел по состанокот на двете влади во Тулуз.. Според официјален Париз, двете земји имаат значителен напредок во домашните реформи, но тоа засега  е недоволно за старт на преговорите..

Ја споделувам истата геополитичка и стратешка визија со германската канцеларка. Сакам да испратам позитивен сигнал до лидерите на Сверна Македонија и Албанија, но сериозно погледнато сега јас морам да им порачам: овојпат нам ни е потребно малку повеќе време за да ги средиме работите.

По средбата Макрон – Меркел, германската канцеларка ја релативизираше тезата дека меѓу Германија и Франција постои судир околу ЕУ перспективите на Македонија и Албанија и порача дека на земјите од Западен балкан е неопходна европската перспектива.. Според Меркел процесот на пристапување треба да е потранспарентен и да може да врати назад при недоволен напредок.

Сепак, двајцата лидери оставаат простор за размислување до самитот на ЕУ во петок каде се можни позитивни сценарија за кои велат дека треба да се прифатливи и за останатите членки на Европската унија.