Свет
20. April 2017 - 21:55

Макрон е во предност пред вечерашнава ТВ дебата на претседателските кандидати во Франција

Со 24 отсто поддршка Емануел Макрон ја потврди својата предност во однос на неговите противкандидати Марин Ле Пен, Франсоа Фијон и Жан-Лук Меланшон, покажа последната анкета на ИФОП за Цњуз, Пар Мач и Суд радио, непосредно пред вечерашнава последна телевизиска дебата на единаесетте претседателски кандидати.

Како што јавува дописникот на МИА од Париз, кандидатката на Националниот фронт, Марин Ле Пен, на Републиканците, Франсоа Фијон и Бунтовна или непокорна Франција, Жан-Лук Меланшон имаат мала меѓусебна разлика, односно Ле Пен 22,5 отсто поддршка од гласачите, Фијон 19 отсто и Меланшон 18,4 отсто.

Истражувањето беше спроведено меѓу репрезентативен примерок од 2.810 лица. Институтот појаснува дека за ваква анкета, маргината на грешке е 1,6 поени.

Зад водечките кандидати, следува кандидатот на социјалистите Беноа Хамон, кој загуби 0,5 поени и сега има поддршка од седум отсто од избирачите, што претставува најниска оценка од почетокот на испитувањата на јавното мислење.

Во вториот круг  Емануел Maкрон би излегол како победник со 61 отсто од гласовите, наспроти 39 отсто за претседателката на Националниот фронт Марин Ле Пен