Макрон денеска ќе го соопшти името на мандатарот за состав на влада
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ќе именува нов премиер, по само осум дека откако пратениците му изгласаа недоверба на премиерот Мишел Барние.
Макрон вчера ја прекина посетата на Полска и се очекуваше да го објави својот избор за нов премиер по враќањето во обид да стави крај на повеќемесечните политички превирања, но откако неговиот авион слета во близина на Париз, сепак беше најавено дека ќе почека да ја соопшти таа одлука.
„Изјавата за именување на премиер ќе биде утре (петок) наутро“, рече доцна синоќа советник на претседателот, барајќи да остане анонимен.
„Тој ги завршува своите консултации“, додаде советникот, без да каже дополнителни детали.
Најновата анкета на BFMTV покажа дека 61 отсто од Французите се загрижени за политичката ситуација.
Макрон нагалси дека ќе остане на функцијата до крајот на неговиот втор мандат во 2027 година, и покрај разрешувањето на премиерот Барние, кој помина само три месеци на функцијата.
Меѓу главните кандидати кои би можеле да го заменат Барние се лидерот на центристичката партија Демократско движење, Франсоа Бајру, министерот за одбрана Себастиен Лекорну и поранешниот левоцентристички премиер Бернар Казнев, јавија француските медиуми.
Ново на Сител
-
АПЕЛ ЗА ПОМОШ на 5 мали дечиња од Кичево, татко им починал во сон, мајката ги напуштила
-
Серија земјотреси на Света гора – најсилниот 4,6 степени
-
Македонија денеска ги дознава своите ривали на патот кон Светското првенство во 2026 година
-
Кикбоксот има 6 номинации од вкупно 6 категории за индивидуалниот македонски спорт
-
Дополнителни 6 000 денари за 1 000 килограми откупена оризова арпа и 18 000 денари субвенции за хектар
-
Запленети околу четири тони марихуана во валандовско | ФОТО
-
АХВ: Од „тобако“ во Скопје уништени околу два тони небезбедна храна
-
Молдавија воведува 60-дневна вонредна состојба поради енергетската криза