Макрон: Да сториме сè што можеме за да ја контролираме епидемијата заедно
Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Франција го одложува воведувањето на третата блокада затоа што верува во способноста на граѓаните да го спречат ширењето на Ковид-19 дури и сега кога бројот на заразени од третиот бран се зголемува, а масовната вакцинација се забавува.
„Имам доверба во нас. Овие часови што ги доживуваме во моментов се клучни. Ајде да сториме сè што можеме за да ја контролираме епидемијата заедно“, напиша Макрон на Твитер.
Од денеска Франција ќе ги затвори границите за сите патувања од земјата и кон земјата надвор од ЕУ, кои не се од голема важност, додека оние патници кои пристигнуваат од земји надвор од ЕУ ќе мора да покажат негативен тест.
Големите трговски центри ќе бидат затворени, а полициските патроли ќе се погрижат сите да се придржуваат до полицискиот час, кој започнува во 18 часот.
Сепак, Макрон ја суспендираше одлуката за воведување дневен карантин, нагласувајќи дека тој прво сака да види дали другите мерки што се во сила ќе бидат доволни за да се забави ширењето на коронавирусот.
Ново на Сител
-
Скопјанец нападнат од сопственик на авто сервис во Чаир
-
Охриѓанка измамена за 300.000 денари
-
Почна автобуски превоз од Тетово до Попова Шапка, градоначалникот најави поддршка за ски центарот
-
Опожарено возило во Аеродром, нема повредени
-
Фатен малолетник со нож на Бит Пазар, поднесена пријава
-
Вардар ја засили дефанзивата со Словакот Михаил Пинтер
-
Забрана за движење на тешки товарни возила на патот Гостивар–Кичево преку Стража
-
Измамена Охриѓанка за 300.000 денари - И кажал дека има пари на сметка од Биткоин