Македонија
13. July 2017 - 12:07

Макрадули на министерски состанок за животна средина во Талин

Заменикот министер за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули денеска и утре ќе учествува на неформален состанок на министри за животна средина во Талин, Естонија.

Како што соопшти Министерството за животна средина, главен фокус на состанокот ќе бидат еко иновациите и прашањата поврзани со климатските промени.