Македонија
19. March 2020 - 12:18

Макпетрол АД донира медицинска опрема во вредност од 3.200.000 денари за борба против вирусот „КОВИД-19“ на Министерството за здравство

Земајќи предвид дека нашата, како и повеќето земји во Европа и Светот, се соочува со последиците од пандемијата со новиот Корона вирус, „КОВИД-19“, Макпетрол АД како општествено одговорна компанија одлучи да донира соодветна медицинска опрема во вредност од 3.200.000,00 денари на Министерството за здравство на Република Македонија. Ова е време кога е потребна солидарност и поддршка. Во борбата против вирусот„КОВИД-19“ не можеме да се бориме како индивидуи, туку, заедно како општество. Дополнително, уште еднаш сакаме да апелираме до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита донесени од Владата, Министерството за здравство, како и од Светската здравствена организација.
Останете дома и придонесете, заштитете се себеси и оние кои ги сакате!
Макпетрол АД е целосно подготвен и е на располагање за соработка со сите државниинституции во борба против вирусот „КОВИД-19“.
Јавното здравје е заедничка одговорност!