Македонија
29. March 2020 - 11:55

Макпетрол АД целосно ги отстапи капацитетите на хотелот „Макпетрол“ во Маврово за државен карантин

Соочени со овој голем предизвик за зачувување на здравјето на нашите граѓани од пандемијата со Ковид-19, а целосно следејќи ги потребите на Владата и Министерството за здравство, за формирање државни карантини за населението, Макпетрол АД одлучи да го стави на располагање хотелот „Макпетрол“ во Маврово, кој располага со сместувачки капацитет од 40 двокреветни соби за граѓаните којшто ќе користат легло за изолација или карантин, соопштија од Макпетрол АД.

Од компанијата истакаа дека целосно се подготвени за соработка со надлежните државни институции и спроведување на сите стандарди кои ќе бидат потребни за безбедно и соодветно менаџирање на капацитетите во својство на карантин.

– Како општествено одговорна компанија сакаме да придонесеме кон создавање на услови кои ќе овозможат ефикасно справување со кризата која целосно го смени начинот на функционирање на нашата држава, но и на целиот свет, нагласија од Макпетрол АД.