Свет
9. August 2021 - 8:30

Макеј: САД се обидуваа да ги вклучат Белорусија и Украина во НАТО

 САД се обидуваа да ги вклучат Белорусија и Украина во НАТО, изјави белорускиот министер за надворешни работи Владимир Макеј во документарниот филм, насловен како Белорусија против револуциите.

– Ќе цитирам само една изјава од Џон Болтон, поранешен советник за национална безбедност на САД, кој ја посети нашата земја и тогаш рече дека Украина и Белорусија треба да бидат примени во НАТО за да се избегне сивата зона меѓу Русија и Северноатлантската алијанса, истакна Макеј.

Во август 2019 година, тогашниот американски советник за национална безбедност Болтон го посети Минск, каде разговараше со шефот на белоруската дипломатија Макеј и со претседателот Александар Лукашенко.

Вашингтон тогаш изрази очекување дека изборите најавени за 9 август 2020 година ќе бидат транспарентни и фер, но по одржаните избори оцени дека изборниот процес не бил демократски.