Ракомет
23. September 2017 - 16:25

Македонските ракометарки одиграа нерешено против Турција „Б“

Женската ракометна репрезентација на Македонија го одигра и вториот контролен, пријателски натпревар на мини турнирот во Турција. 
 
Откако вчера избраничките на селекторот Симе Симевски загубија од „А“ репрезентацијата на Турција 26-30 (полувреме 12-15), денеска црвено-жолтите одиграа нерешено против „Б“ тимот на Турција.
 
Во израмнет меч нашите ракометарки го добија првото полувреме со 15:14, но во вториот дел Турчинките беа за еден гол подобри, па на крајот резултатот беше нерешен 30:30. 
 
Утре од 18 часот Македонија треба да го одигра последниот меч, а противник е Италија.
 
Инаку овие натпревари се дел од подготовките на нашата селекција за претстојните квалификации за ЕП во Франција 2018 година, кои ќе започнат со гостувањето кај Шведска на 28 септември, а на 1 октомври е дуелот против Србија на домашен терен. Во квалификациската група 3, противник на Македонија ќе биде и селекцијата на Фарски Острови.