Фудбал
20. јуни 2016 - 10:49

Македонските преставници во европските купови ги очекуваат противниците

 Македонските преставници во европските фудбалски купови попладнево ќе ги дознаат своите противниците во првите квалификациски кола. 
 
Од четирите екипи кои ќе ја претставуваат Македонија во Лигата на шампиони и Лига Европа, единствено составот на Работнички е меѓу носителите, согласно својот коефициент во УЕФА, па „романтичарите’’ би требало да очекува и релативно полесна ждрепка, иако е јасно дека во Европа веќе одамна нема лесни противници. 
 
Покрај Работнички во Лига Европа ќе настапуваат и освојувачот на националниот куп, тетовска Шкендија како и трето пласираната екипа од првенството Селекс.
 
Првакот на Македонија, Вардар кој ќе игра во квалификациите за Лигата на шампиони, прв ќе го дознае својот противник имајќи в предвид дека на ждрепката во Нион, од 12 часот ќе се извлекуваат двојките за првото квалификаиско коло во Лигата на шампионите, чии натпревари ќе се играат на 28 и 29 јуни, а реванш дуелоте седум дена подоцна (5 и 6 јуни). Втората квалификацсиска рунда за Лигата на шампиони на програмата е на 12 и 13 односно реваншите на 19 и 20 јуни. 
 
Ждрепката пак за Лига Европа е закажана за 13 часот, а дуелите од првото квалификациско коло ќе се играат на 30 јуни, додека реваншите се на 7 јули.