Loading Video...
Спорт плус
18. September 2019 - 14:50

Македонските одбојкари навиваат за Турција и се надеваат на пласман во1/8-финалето на ЕП

Со победата над Словенија, македонските одбојкари го  завршија  својот настап во групната фаза на Европскиот шампионат, па сега се во исчекување, дали ќе продолжат во осминафиналето. 
 
Голема победа која нашите одбојкари ја остварија над домаќинот на Ц групата Словенија, како и со триумфот на Турција во дуелот со Белорусија, ги оставија шансите на Македонија за пласман во осминафиналето на континенталното првенство,. 
 
Двете наши победи над Белорусија и Словенија ја рангираа Македонија на 4.место на табелата во Ц групата, со еден триумф повеќе од пето пласираната Финска. 
 
За да се вброиме меѓу шеснаесетте најдобри на шампионатот, вечерва ќе навиваме за Турција која мора да ги победи Финците, со било кој резултат. 
 
Така ние ќе останеме четврто пласирани со една победа повеќе од Финците, а со тоа и ќе продолжиме понатаму. 
 
Во спротивно, било каква победа на Финците против Турција, ќе значи и крај на настапот на Македонија на Европското првенство, кое за нашите одбојкари беше дебитантско. 
 
Клучниот натпревар за нас, меѓу Турција и Финска ќе се игра вечерва од 20 часот и 15 минути. 
 
Доколку Турците ни завршат работа тогаш во осминафиналето Македонија за противник ќе ја има првопласираната селекција од А групата, Франција или Италија селекции кои вечерва ќе играат во Монпеље.