Loading Video...
Спорт плус
26. May 2022 - 10:39

Македонските одбојкари ја победија БиХ на стартот на Европската лига

Македонската одбојкарска репрезентација на најдобар можен начин го започна својот настап во новото издание на Европската Сребрена лига. 
 
Во натпревар од првата рунда нашите одбојкари на домашен терен во три сета ја надиграа селекцијата на Босна и Херцеговина 
 
Во првиот им вториот на Босанците им препуштивме само 16 односно 17 поани, а во третиот противникот прижи поголем отпор, па црвено-жолтите го добија со 25-23, за конечни 3:0 во сетови. 
 
Капитенот Никола Ѓорѓиев очекувано запиша намногу поени, а мечот го заврши со вкупно 25.
 
Нашата репрезентација сега патува за Романија каде в сабота од 13 часот ќе го одигра вториот меч. 
 
Инаку Романците во 1.коло ја победија селекцијата на Албанија, која на 1 јуни ќе гостува во Скопје.