Спорт плус
24. September 2016 - 17:52

Македонските одбојкари ја остварија првата победа во квалификациите

 
 
 Прва победа на македонската одбојкарска репрезентација во квалификациите за ЕП 2017 година.
 
Конечно, во петтиот меч од квалификациите репрезентацијата на Македонија ја оствари првата победа. Нашите одбојкари попладнево го добија мечот против Естонија со 3-1 во сетови во рамките од претпоследното 5. коло во Ф групата.
 
Иако го загубија првиот сет со 13:25, сепак во следните три црвено-жолтите конечно одиграа на посакуваното ниво, онака како што знаат и умеат тие. Вториот сет Македонија го доби со 25:21, а по тешка борба и третиот со 25:23. Тоа како дополнително да ги мотивира нашите одбојкари кои во четвртиот сет на противникот му препуштија само 16 поени, односно истиот го добија со 25:16.
 
Со трите освоени бодови и вкупно 4 Македонија останува на последното место во групата, но се уште со шанси да се пробие до второто место кое води во баражот. А, за тоа пак најнапред Чешка ќе треба да победи Романија во денешниот дуел, а утре и нашите одбојкари да слават против романската репрезентација.
 
Табела: Чешка 12 бодови, Романија 6, Естонија 5 и Македонија 4.