Loading Video...
Кошарка
9. November 2020 - 14:13

Македонските кошаркарки заминаа за Рига

Македонската женска сениорска репрезентација ги одработи подготовките во Охрид, а дд денеска нашите најдобри кошаркарки се во главниот град на Летонија, Рига, каде ќе ги играат наредните две средби од квалификациите за пласман на Еворбаскетот 2021 година.
 
За средбите од „И“ квалификациската група, против Хрватска и Германија, селекторот Ѓоровиќ одбра единаесет кошаркарки. На оние десет кои ги поминаа седумдневните подготовки во Охрид, непосредно пред заминувањето за Софија, а потоа и за Рига, им се приклучи и капитенот Анџелика Митрашиновиќ.
 
Првиот меч нашите кошаркарки ќе го играат против Хрватска, во четврток (12 ноември) со почеток од 15:30 часот, а во истиот термин во сабота (14 ноември) е закажан дуелот против Германија. 

КОШАРКА – КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП  - Група „И“ 

Четврток – 12 ноември 
15:30  МАКЕДОНИЈА -  ХРВАТСКА 
18:45  ГЕРМАНИЈА -  ЛЕТОНИЈА

Сабота – 13 ноември 
15:30  МАКЕДОНИЈА -  ГЕРМАНИЈА
18:45  ХРВАТСКА -  ЛЕТОНИЈА