Кошарка
10. September 2016 - 20:18

Македонските кошаркари гостуваат во Луксембург

Кошаркарската репрезентација на Македонија вечерва и гостува на селекцијата на Луксембург во рамките од 4.коло на Г групата за пласман на Европскиот шампионат во 2017 година.
 
По поразот од Унгарија во 3.коло црвено-жолтите се пред императив на победа не само во вечерашниот туку и во наредните два меча со Велика Британија и Унгарија, доколку сакаат да ги задржат шансите за настап на Евробаскетот.
 
Својот меч од оваа рунда вечерва ќе го одиграат Велика Британија и Унгарија. 
 
На табелата водечка е Унгарија со максимали три победи, пред Велика Британија која има скор 2 победи и 1, додека Македонија со 1 победа над Унгарија и два порази е трето пласирана додека вечерашниот противник и аутсајдер во групата Луксембург има 3 порази .